Коњановски заедно со кандидатите за советници разговараа со битолчани на Широк Сокак
Денес со генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ го посетивме штандот на Широк Сокак, каде што заедно со кандидатите за советници разговаравме со граѓаните.
Отворени разговори, искрени идеи и поддршка од битолчани кои секојдневно покажуваат дека сакаат промени и подобра иднина за нашиот град. Исто така денес на Широк Сокак, во канцеларијата на кандидатот за градоначалник, остваривме средба со коалиционите партнери.
Во позитивна и работна атмосфера разговаравме за текот на кампањата, заедничките активности и поддршката што секојдневно ја добиваме од граѓаните.
Заедно, со единствена цел – победа и подобра иднина за Битола!
















