Државно првенство во тенис за основците во Прилеп
Државно првенство во тенис за основците во Прилеп, се одржа денеска во градот под Марковите Кули. Голема благодарност и честитки за организацијата до Сојузот на училишен спорт на Прилеп, кој што дефинитивно е еден од најактивните во Република Македонија и до Федерацијата на училишни спортови на Македонија.
Продолжуваме и во иднина како Општина да се залагаме и да даваме уште поголема поддршка на спортски активности и настани со цел поттикнување на здрави навики кај нашите најмили.Затоа што спортот креира здрави генерации ! Спортски поздрав до сите присутни, учесници, наставници, професори и спортски работници, ви посакувам да имате успешно првенство и нека победат најдобрите! – истакна прилепскиот градоначалник Јовчески.