“STANICA.MK” БУДНО ЈА СЛЕДИ СОСТОЈБАТА ОД ТЕРЕН: Од утрово започна штрајкот во образовниот сектор

Сподели го ова:


























Врз основа на конечната вчерашна потврда од страна на СОНК-од утрово започна штрајкот во сите градинки, училишта, ученички и студенстки домови, како и високообразовни институции кои што по солидарен се приклучија на територија на цела наша земја, а штрајкјот како што истакнуваат од страна на СОНК ќе трае се додека не се реши нивниот проблем- а тоа е платите во образование да се зголемат за 18,4 отсто: „Штрајкот ќе трае се додека не се издаде соодветно прифатливо решение за двете страни каде што со претходна консулатција со синдикалните организации, ќе ја промени одлуката од генерален штрајк во прекинат генерален штрајк, или евентуално ставање во мирување тоа кога ќе биде не зависи само од нас. Апелирам до владата што побрзо да не повика на преговори да најдеме взаемно решение што поскоро да го одврзат ќесето, да ги исполнат барањата на синдикатите и што поскоро да почне редовната настава во училиштата и градинките“– истакна Јаким Неделков претседателот на СОНК во текот на вчерашниот ден.




Сподели го ова:

Слични објави