Каков е квалитетот на образованието кај нас и со колкав образовен капитал располагаат средношколците на 15 годишна возраст, ќе се мери со меѓународното тестирање ПИСА 2022
Каков е квалитетот на образованието кај нас и со колкав образовен капитал располагаат средношколците на 15 годишна возраст, ќе се мери со меѓународното тестирање ПИСА 2022 во кое, меѓу 85 земји учеснички од светот, по четврти пат учествува и нашата земја со репрезентативен примерок од 7.850 средношколци. Од министерството за образование истакнуваат дека тестирањето е проверка на јазичната, математичката и научната писменост, односно знаењата на учениците во областа на природните науки, а годинава за прв пат ќе се мери и креативното размислување на учениците. ПИСА тестирањето за прв пат кај нас се реализира електронски. Минатата година Министерството за образование и наука заедно со Државниот испитен центар спроведоа бројни подготвителни активности и пробно тестирање.
Министерот Шаќири посочи дека учениците се подготвени и не стравуваат дека резултатите ќе влијаат на нивните крајни оценки, а најважно е што значително е подигната свеста дека со учеството секој поединец дава придонес кон унапредување на политиките за развој на националниот образовен систем. Така мисли министерот, меѓутоа што мислат експертите и родителите во однос на тоа колку е ефикасно ова тестирање??-останува да видиме.