Ќе врие од верници! Денеска, свечена литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка низ струмичките улици
Денеска, Струмичката Православна Епархија организира Свечена литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка.
Свештената поворка со иконата на Брзопослушница ќе тргне од храмот на Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици во Струмица во 10:00 часот, и ќе се движи низ струмичките улици.

Копии од оваа чудотворна икона, се наоѓаат во неколку православни земји од кои им се излева огромна благодатна сила на сите што прибегнуваат со вера и скрушено срце кон нив.















