НАЈНОВА ВЕСТ ВО ОДНОС НА УТРЕШНОТО ВРАЌАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ВО УЧИЛИШНИТЕ КЛУПИ

Сподели го ова:
























Учениците од утре се враќаат во училишните клупи, додека пак штрајкот на просветните работници се става во мирување. Што се однесува пак до преговорите помеѓу СОНК и Владата, истите тие ќе продолжат преку Законот за мирно решавање на работни спорови.

„Ние сме убедени дека во наредниот период, во периодот на помирување ќе ги најдеме соодветните заеднички решенија онамку каде што застанавме во преговорите  и дека нема да има потреба да го активираме штрајкот. Убедени сме дека платите ќе бидат зголемени толку колку што бараме, колку што се можностите, дневниците за време на штрајкот дека нема да бидат скратени…Сега, кој како сака може да толкува, дали е ова купување на време или е можеби вистинскиот механизам за надминување на состојбите, навистина не знам. Меѓутоа, животот не учи на се, па и на вакво мирно решавање на спорови да биде практика. Можеби е ова и задоцнето, можеби можело и пред штрајкот да се примени оваа опција. Ова е едно животно искуство за нас синдикалците кои што Власта, од аспект на власт, веројатно и повеќе ги знае законите, па така го искористи ова право за решавање на спорот“, истакна Неделков-Претседателот на СОНК.

Само 20 дена е севкупниот рок во кој владата и СОНК ќе треба со помош на посредник на Министерството за труд и социјална политика да се договорат за барањата на наставниците. Првите резултати од помирувањето се очекуваат за 10-тина дена.




Сподели го ова:

Слични објави