СПЕКТАКУЛАРНО ИЗДАНИЕ НА ВЕСЕЛИТЕ ЅВОНЧИЊА! Околу 2000 посетители во трите вчерашни фестивалски претстави, уживаа во новите детски хитови!
Прекрасна слика на ЕДИНСТВЕНИОТ ПРИЛЕПСКИ ФЕСТИВАЛ КОЈ ШТО МОЖЕ ВО ЕДЕН ДЕН ДА СОБЕРЕ ПРИБЛИЖНО 2000 ПОСЕТИТЕЛИ ВО НУЦК “МАРКО ЦЕПЕНКОВ” ВО ПРИЛЕП. Искрено, во Прилеп постојат и други фестивали и мали хорчиња, меѓутоа ваков рекорд за само еден, до сега има направено само прилепскиот фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA” и БАЛАДА АРТ ПРОДУКЦИЈА. Вчера се одржаа три фестивалски претстави и тоа во 11, 13 и завршната фестивалска претстава во 18 часот каде бројот на солистите, учесниците, танцовите групи надмина над 160 учесници, а детскиот музички фестивал го посетија околу 2000 посетители. Ова претставува голем рекорд и гордост за градот Прилеп! На фестивалот имаше гости од Скопје, Битола, Крушево, Радовиш….. а како и секоја година – најмногу посетители имаше од нашиот Прилеп.
И “старо и младо”, во текот на вчерашниот ден уживаше во новите 15 детски хитови, на 5-тото фестивалско издание на најпопуларниот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња BY JANA”. Специјални гости на фестивалот беа кловновите, магионичарите и популарниот “Магичен спајдермен” кои се дел од циркузот “Палермо” од Прилеп, кои слободно може да ги ангажирате за Вашите детски роденденски прослави на 078/ 66-77-97.
На вчерашното фестивалско издание, освен прекрасните 15 песни кои премиерно ги изведоа учесниците од 4 до 14 години во детскиот и тинејџерскиот блок на фестивалот, исто така специјални гости на фестивалот беа и членовите од:
Танцовото студио New Generation – Прилеп, учениците од ООУ “Климент Охридски” од Прилеп кои спремија одлична кореографија, тука беа “сонцето и облачината” под менторство на наставничките Бисера Вишиноска и Елизабета Маркоска, како и Судиото за ритмичка гимнастика “Авангард”-Прилеп.
Вчера вечер посебно најмладите, уживаа во 15-те нови хитови на Веселите Ѕвончиња. Што се однесува пак до сценографијата, таа беше пропратена со голем број на ротирачки средства кои ја надополнуваа фестивалската магија. Со други зборови, Прилеп е горд на ваков фестивал кој што на едно место ја собра публиката од цела Пелагонија, и за еден ден собра публика од околу 2000 посетители!
Доколку имате од 4 до 15 години и сакате и Вие да бидете дел од детскиот или пак дел од тинејџерскиот музички блок од следното најново спектакуларно фестивалско издание кое ќе се одржи во месец мај 2024 година, Вашите родители ќе можат да Ве пријават на Facebоok профилот на Гоце Илиески-Балада, на Facebоok профилот на Весели Ѕвончиња, или пак на 078/66-77-97. Бидете детски музички ѕвезди, бидете АС, бидете главни во Вашето Школо -во Вашиот Клас, и пријавете се за учество за следното фестивалско издание на Весели Ѕвончиња by JANA,и стекнете се со Диплома за МОДЕРЕН, ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД!!!
Секоја чест БАЛАДА АРТ ПРОДУКЦИЈА!