ПРОДАНОСКИ: Вечна да си Македонијо, наша татковино! Нека е честит големиот празник 11-ти октомври
Водени од идеалите за слободна и суверена македонска држава и носејќи ги на грбот илјадниците жртви на војната, беспоштедно започнуваме борба која подоцна ќе го донесе големото ослободување на нашата Македонија, но и придонес за слободата во Европа. Овој празник, оваа победа на македонскиот народ е светла точка во нашата историја. Но исто така поттик и мотив сега и во иднина цврсто да застанеме кога се во прашање националните интереси, доколку сакаме да го продолжиме патот кој е започнат пред 82 години, а со тоа да го зачуваме достоинството на Република Македонија!
По повод денешниот празник 11-ти Октомври – претседателот на Советот на Општина Прилеп Дејан Проданоски, упати искрена честитка до граѓаните на Република Македонија, во која се вели:
“Патот до конечната победа исполнет со многу жртви и големо херојство ни обезбеди место на вистинската страна, на страната на човечноста и правдата!
Прилеп ја почна борбата, Македонија ја доби битката!
Пред 82 години токму од овде започна конечното ослободување од бугарскиот фашистички окупатор!
Нека е честит и вековит празникот 11-ти Октомври!” – истакна Проданоски во неговата честитка која е упатена до граѓаните на Република Македонија, а вчера објави и видео со македонското знаме, при што порача:
Вечна да си Македонијо, наша татковино! Нека е честит големиот празник 11-ти октомври!– порача Проданоски.