ГАЛЕРИЈА: Денес, во преполна сала Унијата на жени на ОК ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп, одржа трибина на тема “Велигденската традиција во современото општество”

Сподели го ова:
























Нашиот информативен портал “STANICA.MK” – како еден од “двата најчитани информативни портали од Пелагонискиот регион”, кој што само на нашата официјална Facebook страна има скоро 23.000 постојани следбеници – (во кои што не е вкалкулиран бројот на сите оние другите, кои секојдневно ги следат нашите информации 24/7), секогаш професионално, навремено и објективно ги прененесува најновите информации, случувања, како и сите дописи кои што стигнуваат до нас. Имено, по повод велигденските празници, Унијата на жени на ОК на ВМРО ДПМНЕ вечерва во киното “Мис-Стон”-Прилеп, организираше трибина на тема: “Велигденската традиција во современото општество”. Трибината се одржа во преполната сала, каде се разви дебата околу традицијата и начинот на празнување на најголемиот христијански празник. ВМРО ДПМНЕ како демохристијанска партија особено внимание посветува на одржување и негување на традицијата. “Денес, Унијата на жени на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, одржа трибина на тема “Велигденската традиција во современото општество” со цел да се посочи значењето на жената во вклувањето на традицијата.Македонската жена е стожер во општеството, ѕвезда водилка во религиската поставеност на семејството, силен и мудар заштитник на својот дом и пред сѐ големина од човек која знае да ги постави моралните и етичките вредности на вистинското место во мозаикот на животот. За многу години и напомош да ни бидат претстојните велигденски празници!”-истакна Билјана Кузманоска-новата претседателка на Унија на жени при О.К. на ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп




Сподели го ова:

Слични објави