Известување од МВР во однос на наводните киднапирања во Прилеп

Сподели го ова:


























“Во врска со лагите кои од страна на неодговорни поединци се шират по социјалните мрежи за наводнo киднапирања во Прилеп, СВР Битола ја известува јавноста дека станува збор за класично ширење на невистини со цел да се вознемират граѓаните.

Нема никакво киднапирање ниту во Прилеп ниту било каде во државата. Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите лаги. Полицијата ја гарантира безбедноста на сите граѓани. Против лицата што шират лаги со цел да предизвикаат паника, во координација со обвинителството, ќе бидат преземени соодветни мерки” – истакнуваат од МВР.




Сподели го ова:

Слични објави