Совршен литературен спој на ООУ “Климент Охридски” и ООУ “Добре Јованоски”
По повод Меѓународен ден на мајчиниот јазик, настана совршен, литературен спој помеѓу ООУ “Климент Охридски” и ООУ “Добре Јованоски”. Имено, основците Марко и Исидора претставуваат вистински спој кога станува збор за македонскиот јазик и рецитирањето. Имено, овие двајца талентирани основци доаѓаат од ООУ Климент Охридски и ООУ Добре Јованоски, при што и двајцата низ годините, се прваци по рецитирање. Видеото од овие талентирани основци, може да го погледнете на Фејзбук страната на ООУ Климент Охридски – Прилеп.
За да постигнеме одржлив развој, потребно е младите ученици да имаат можност да учат и да го негуваат својот мајчин јазик, но да учат и други јазици. Токму преку совладувањето на јазикот кој се говори дома, односно мајчиниот јазик, децата учат да читаат и пишуваат, а потоа ги надградуваат и сите останати знаења.
Нека е честит меѓународниот ден на мајчиниот Македонски јазик.