Локалната самоуправа и надлежните служби се грижат за сите жители на Општина Прилеп за безбедно одвивање на сообрајќајот во зимски услови

Сподели го ова:
















Зимските служби одговорни за Општина Прилеп од утрово се на терен и го чистат снегот на патиштата во прилепскиот регион. На располагање се ставени повеќе возила за чистење на снег со цел навремено да бидат расчистени сите патишта и влезови во градот за непречено да се одвива сообрајќајот. Од утрово беа расчистени патните правци од Прилеп кон населените места Алинци, Загорани, Чепигово и Подмол. Екипите ќе бидат на терен доколку се укажи потреба да реагираат и во централното градско подрачје во кое досега нема наврнато многу снег. Локалната самоуправа и надлежните служби се грижат за сите жители на Општина Прилеп за безбедно одвивање на сообрајќајот во зимски услови а воедно упатуваме апел до сите наши сограѓани да бидат внимателни и одговорни во однос на општата безбедност за сите нас-апелираат од Општина Прилеп







Сподели го ова:

Слични објави