Денеска, црквата Св. Атанасиј Велики во Општина Новаци ја одбележа црковната слава

Сподели го ова:





























Денеска, православната црква го празнува празникот посветен на св. Атанасиј Велики – роден во Александрија во 296 година, кој уште од детството бил наклонет кон духовниот призив. По повод денешниот празник, црквата Св. Атанасиј Велики во Општина Новаци ја одбележа денешната црковната слава, каде присутен беше и градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски.

“По повод празникот Св. Атанасиј Велики, патронот на нашиот Храм во Новаци, упатуваме срдечни честитки до новиот кум Борче Филиповски и до сите граѓани на општината.

Нека празникот донесе здравје, слога и напредок, а кумството нека биде на чест и радост” – порача градоначалникот Стевановски.




Сподели го ова:

Слични објави