ДА ПОМОГНЕМЕ: Сум молела кај соседите за една супа да им дадам на децата да јадат
Цвета Атанасовски е родена и порасната во Скопје. Таа е единствено дете на своите родители. Пред деценија ипол животниот пат ја носи во Тетово каде се мажи со сопругот и раѓа три деца. Тие се сеуште малолетни. И можеби се било стабилно и понормално до лани кога дознава една сурова вистина. Дека боледува од карцином. Болките и зачестуваат и таа не била способна да ја издржи работата. Морала да даде отказ. И сопругот останал без работа и тоа е капка о преполна чаша за нивните проблеми. Живеат во стан во центарот на Тетово каде веќе и нема струја со месеци поради неможноста да ја платат. Тоа влијае и врз животот на нејзините деца. Немаат услови за бањање, учење, немаат ниту храна за дома и за на училиште. Претежок период од нивните животи. Најмногу болат детските солзи. Тие ќе речат дека се исмејувани на училиште затоа што не одржуваат хигиена, не носат храна и немаат убава облека. Сите ги избегнуваат, а сакаат да се дружат и учат. Затоа замолуваат да им се помогне во овие тешки мигови за да можат да ја видат мајката здрава еден ден а тие пораснати и гроди жители на својата земја.
Цвета е родена во Скопје во населбата Маџари. Немала пребогато детство, но со оглед на тоа дека била ќерка единка на родителите многу поубаво живеела отколку што денес живеат нејзините деца. Во 2008 година се мажи и сели во Тетово. Бидејќи пораснала сама во детството си ветила дека еден ден кога ќе стане жена ќе има три деца. Господ тоа и и го исполнил па ги добила Марија, Петар и Кирил кои до пред некој месец имало полесно детство, но откако дознаваат дека мајка им боледува од канцер нивниот живот се претвора во кошмар. Денес живеат без струја и најчесто и без храна.
-Потекнувам од Скопје, од населбата Маџари. Пораснав скромно како ќерка единка, но никогаш не верував дека ќе дојдам до степен да мора да молам за храна за моите деца некогаш. Се омажив во Тетово, и сакав да имам три деца. Така и се случи. Но, не планирав да се разболам и да останам не способна за работа. Лани ми беше дијагностицирана лоша дијагноза, ми кажаа дека боледувам од рак на матка. Ми се влоши состојбата, морав да напуштам работа. Истовремено, и сопругот остана без работа. И, во станот во кој живееме од неговата тетка штом престанавме да плаќаме, ни ја прекратија струјата. Од септември месец сме без струја. Се грееме на дрва и често немаме за хран- вели Цвета од Тетово.
-Во лоши услови живееме уште одамна. Децата со мене се подбиваат и викаат дека лошо мирисам и дека имам вошки. Ме омаловажуваат и навредуваат. Многу ми е тешко што се двојата од мене и не играат како со другите. Ама еден ден да бидат на мое место да видат како е да се живее вака ќе ги прашам. Често одам и барам по соседи некој денат за да купам леб за мене и моите брачиња и родители- вели Марија, ќерката на Цвета.
Тешко ја поднесува дијагнозата која се заканува врз здравјето на Цветанка, но и врз сигурноста на животите на нејзините деца. Покрај болките што таа секој ден ги трпи и поради кои морала да ја напушти работата таа живее со солзи од страв дека нема да дочека да ги израсне децата. Често се брз храна во училиште и дома, се моли за една супа од соседите за да не и бидат гладни најмилите, а тешко и е што живеат без струја и нејзините деца поради сето тоа се често и омаловажувани на училиште.
-Имам големи болки. Понекогаш ги молам децата да излезат за да не ме слушаат како викам и сама со болките се молам за да оздравам. Пак, Марија и Петар пораснаа колку толку, ама жал ми е за малото има само четири години. Потребна сум му него. Сопругот не може да оди да работи зашто нема кој да го чува него. А, во градинка не ми го примаат зашто не збори сеуште и зашто сме сиромашни. Колку пати од соседите барам супа барем тоа да им сварам за да јадат нешто. Да оздравам и да можам да си ги чувам децата-вели Цвета.
Честопати грешиме кога се надеваме на помош од оние кои не не сакаат. Кога даваме ститина шанси таму каде не треба да дадеме. Понекогаш треба да се цениме повеќе за да се заштитиме од болка и да станеме посилни. А, силните имаат некој позади себе што ги прави токму такви. Тоа е животот.
Доколку сакате да помогнете на семејството на Цвета тоа можете да го направите на нивниот телефонски број 075426296 или на нивната жиро сметка 240197115754489 – се истакнува во емисијата “Срце на дланка”