Крушевскиот градоначалник Нико Чонески дел од Конститутивната седница на МОУО

Сподели го ова:































Денеска се одржа Конститутивната седница на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад (МОУО) за Југозападниот и Пелагонискиот регион, на која присуствуваа крушевскиот градоначалник Нико Чонески, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, Ане Лашкоска, заменик министер за животна средина и просторно планирање, како и повеќе градоначалници од Општините од нашата земја.

Формирањето на МОУО од страна на градоначалниците од двата региона е процес поддржан од Владите на Швајцарија и Шведска и претставува важен чекор во насока на модернизација на управувањето со отпад и усогласување со европските стандарди.

Соработката помеѓу двата региона денес претставува јасен показател дека државата се движи чекор поблиску до почисти општини, поквалитетни јавни услуги и поодговорен пристап кон заштитата на животната средина.




Сподели го ова:

Слични објави