Позитивни реакции од граѓаните, откако вчера се соопшти за изградбата на нов парк на површина од над 3000м2 во Прилеп

Сподели го ова:


























Нов парк на површина од над 3000м2 во Прилеп! Барањето на жителите од станбената населба на ул. „Васко Карангелески ’’ пред мостот кај касарната ,, Мирче Ацев’’ за партерно и хортикултурно уредување на просторот го реализираме!

Заедно со ЈКП,, Комуналец’’- Прилеп, согласно важечкиот Детален урбанистички план, започнуваме со оплеменување на овој запоставен простор, во кој што ќе има зелени површини, бекатон патеки, поставување на соодветна урбана опрема, листопадни и зимзелени дрвја, ивично обележување во должина од 500 метри и уредување на паркинг просторот за жителите.Посебно внимание ќе посветиме и на определување еколошки острови и поставување на комунална инфраструктура за одлагање на отпад и исфрлање на отпадоци.За потребите на овој парк е ископан и бунар за технолошка вода кој е предуслов за изградба на парковски површини и летно одржување. Продолжуваме со раззеленување на општина Прилеп со нови парковски површини и уредување на катчиња во кои што нашите сограѓани ќе можат да го поминуваат своето слободно време – истакнуваат од Општина Прилеп.




Сподели го ова:

Слични објави