СОНК: Штрајкот продолжува и утре

Сподели го ова:
























Како што истакнуваа од СОНК – штрајкот продолжува и утре, бидејќи СОНК едногласно го отфрлил предлогот на Владата во однос на зголемување на платите на просветните работници за само 10%.

“Советот на СОНК, констатира дека заклучоците на Владата не водат кон решавање на несогласувањата помеѓу СОНК, МОН и МТСП односно со Владата. Овој став се темели врз огромниот број дискусии на членовите на Советот каде што без исклучок се констатира дека со заклучоците на Владата се врши силен притисок врз штрајкувачите. Понудените 10 проценти зголемување на платите во градинките, основното и средното образование по ребалансот на буџетот се бетонираат со заклучокот на Владата и не се остава дополнителен простор за преговори по ова прашање, знаејќи дека членовите на СОНК со скоро 100-процентно изјаснување пред само неколку дена го отфрлија овој предлог. Овој процент на зголемување е дури и помал од предлогот на еден од синдикатите кој предлага, и веројатно ќе успее во тоа без ниту еден ден штрајк, да добие повисока понуда односно 2.800 денари линеарно”-истакна Неделков




Сподели го ова:

Слични објави