Прилепчани, со масовна поддршка за денешниот протест кој ќе се одржи во Скопје

Сподели го ова:

Под слоганот „Имаме должност да спречиме менување на реалноста“ Светиот архијерејки синод на МПЦ – ОА повикува на сенареден протест против Законите за родова еднаквост и за матична евиденција, кој ќе се одржи денес 29.06.2023 во 18 часот, пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

Прилепчани, со масовна поддршка за денешниот протест кој ќе се одржи во Скопје, а тоа го говорат големиот број на наши сограѓани кои организирано или пак со сопствен превоз, се подготвуваат денес после пладне, да заминат за Скопје.

Образложивме во повеќе наврати, и во самото соопштение, експлицитно изразуваме протест против новиот контекст што му се дава на поимот род, против родовата компонента која што е застапена во Предлог законот за родова еднаквост и се користи, се злоупотребува на уште поексплицитен начин во Предлог законот за матична евиденција, којшто предвидува промена на ознака за пол при изјава која што би се базирала на субјективни индивидуални чувства на поединецот. Ја користам оваа можност да го повикаме допопнително народот за присуство заради тоа што овој протестен рефлекс што црквата го пројавува, сосема погрешно се интерпретира во јавноста, анализирајќи се и перцепцирајќи ја црквата единствено како институција. Црквата е многу повеќе, црквата е жив организам составен од конкретни луѓе, од заедница која што има вредносен систем кој е апсолутен контрас, апсолутно спротивен на она што ни го нудат и што се закануваат да го донесат овие два предлог закони во нашето општество, но и во црквата, истакна на прес-конференцијата епископот Јаков Стобиски.



Сподели го ова:

Слични објави