Врз основа на спроведената анкета македонските граѓани не сакаат да прифатат почеток на преговори со ЕУ, по цена Македонија да каже “да” на францускиот предлог

Сподели го ова:


























ИПИС – Институтот за Политички Истражувања од Скопје, спроведе телефонско истражување од 4 до 6 јули 2022, на вкупно 1114 полнолетни испитаници на ниво на цела наша земја каде што граѓаните ги изразуваа сопствените ставови, нивната поддршка за политичките партии во нашата земја, како и даваа одговор за некои актуелни прашања. Во однос на телефонското истражување, вкупно 72,80% од етничките Македонци, (односно 56% од вкупниот број на испитаници),не би прифатиле почеток на преговори со Европската Унија, по цена нашата земја да го прифати „францускиот предлог“.

Во однос на предлогот, најголем дел од испитаниците (македонци) 62,80% мислат дека новиот француски предлог е ист како претходниот, меѓутоа со мали-несуштински измени. Врз основа на севкупниот број на испитаници, 28,8% сметаат дека предлогот е нов, додека пак 48,2% мислат дека новиот француски предлог е всушност оној стариот-првичен договор кој што Франција го испрати на Македонија.




Сподели го ова:

Слични објави