Јовчески и Проданоски остварија протоколарна средба со Амбасадорката на Р. Хрватска г-ѓа Нивес Тигањ и секретарот на амбасадата г-ѓа Ана Вучич

Сподели го ова:


























Денеска, прилепскиот градоначалник Борче Јовчески и претседателот на Совет Дејан Проданоски, остварија протоколарна средба со Амбасадорката на Р. Хрватска г-ѓа Нивес Тигањ и секретарот на амбасадата г-ѓа Ана Вучич.

“Разговаравме за локалното стопанство и економската ситуација во нашата општина. Во името на Општина Прилеп изразивме огромна благодарност и искрена надеж дека нашата соработка во иднина ќе резултира со заеднички проекти за нашата општина. Континуирано остваруваме пријателски и билатерални односи со сите дипломатски претставништва во Република Македонија а целта е да се претстават природните богатства и убавини на Прилеп како и локалното стопанство и економската ситуација. Како Локална самоуправа преку овие средби работиме на можностите да се внесат дополнителни инвестиции во нашата општина и се разбира да се отворат нови работни места” – истакна Јовчески.




Сподели го ова:

Слични објави