Сончево и многу студено утро со температури до -15 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу студено, при што во текот на ноќта која следува во северозападните делови се очекуваат врнежи од снег. Денеска, минималната температура ќе биде во интервал од -15 до -5, додека пак максималната ќе го достигне 7 – миот степен.
Утре, ќе дува засилен јужен ветер, а кон крајот на неделава се очекува дневната температура да биде во благ пораст. Во среда претпладне се очекува нов влажен бран, а на планините како и на некои повисоки места можни се врнежи од снег.