Во периодов што доаѓа следат вкупно пет неработни денови
Се ближи Велигден-празникот на светлината и воскресението, празникот кој што ја соопштува големата радосна вест, а по повод овoј голем христијански празник за граѓаните од христијанска вероисповед, неработен ден ќе биде петокот на 22 април. Веднаш потоа, следат уште четири неработни денови за сите граѓани од нашата земја а тоа се следните денови:
-25 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
-01 мај (недела), Ден на трудот, односно 02 мај (понеделник) е неработен ден,
-02 мај (понеделник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,
-24 мај (вторник) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители