ВМРО-ДПМНЕ: Власта да прифати покачување на платите во јавниот сектор, пари има, нека престанат со крадење
Власта да прифати покачување на платите во јавниот сектор, пари има, нека престанат со крадење- се истакнува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Имено, еве што точно се истакнува во денешното соопштение на оваа партија:
“СДСМ и ДУИ да поддржат зголемување на платите во јавниот сектор.
Работниците се во право кога протестираат и бараат поголеми плати. Предлогот за линеарно зголемување на платите е обврска за власта која настана со зголемување на минималната плата, и само така ќе се воедначат платите и ќе се постигне рамноправност, но и ќе се зачува стандардот на граѓаните, кој е нагризан од инфлацијата.
СДСМ и ДУИ да се откажат од крадење и да ги пренасочат парите за поголеми плати.
Наместо златен прибор, грантови за Заев и тендери во РЕК, парите можат да се пренасочат кај граѓаните.
Ако не се зголемат платите, работниците уште посилно ќе ги чувствуваат ефектите од кризата.
ВМРО-ДПМНЕ го поддржува зголемувањето на платите. Партиите од власта да се охрабрат и да го поддржат и тие”-се истакнува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.