СО ДУРИ 270 032 ОФИЦИЈАЛНИ ПОСЕТИ ВО ЈАНУАРИ, “СТАНИЦА.МК” СЕУШТЕ ГО ДРЖИ ПРВОТО МЕСТО ЗА НАЈЧИТАН ПРИЛЕПСКИ ИНФОРМАТИВЕН ПОРТАЛ ПОМЕЃУ ПРИЛЕПЧАНИ
Како велат: “пред фактите и боговите молчат”, посебно кога станува збор за официјални и веродостојни податоци кои се добиени од регуларни извори. Во прилог, ја објавуваме нашата статистика во однос на месечните посети за јануари 2023 година од страна на нашите постојани читатели, кои секојдневно и постојано во текот на денот ги читаат објавите на “STANICA.MK”.
Врз основа на ова, за уште еднаш го потврдиме нашиот голем рејтинг во Прилеп и прилепско се одлучивме на ваков чекор да ја објавиме нашата секојдневна статистика на ОФИЦИЈАЛНИ ПОСЕТИ. Еве, за пример го земаме последниот месец ЈАНУАРИ 2023, каде што информативните содржини на единствениот прилепски информативен портал “STANICA.MK” кој што објавува само информации за Прилеп, за само еден месец има 270.032 ОФИЦИЈАЛНИ ПОСЕТИ – ОД КОИ НАД 95% СЕ ОД ПРИЛЕПЧАНИ, БИДЕЈЌИ ОБЈАВУВАМЕ САМО ЗА ПРИЛЕП И ПРИЛЕПСКО!
Станува збор за официјални посети на објави – кои не се спонзорирани за да постигнеме поголема читаност!
Дали ваквата бројка од 270.032 посети од страна на прилепчани / скоро секој месец, го прави информативниот портал “STANICA.MK” најчитан од страна на прилепчани? Ако не е така, тогаш некои други можат потполно да не демантираат и да ја објават нивната статистика, МЕЃУТОА СО ОФИЦИЈАЛНИ БРОЈКИ САМО ОД ПРИЛЕП–А НЕ KОМПЛЕТНО СО ЦЕЛОКУПНАТА СТАТИСТИЧКАТА ЕВИДЕНЦИЈА ОД ГРАДОВИТЕ ОД ПЕЛАГОНИЈА за кои пишуваат и известуваат.
Со други зборови, кога ги отвораме картите, прилепчани ги интересира кој е наjчитаниот прилепски информативен портал во Прилеп од страна на прилепските граѓани. Во однос на ова, некои прилепски информативни портали бидејќи пишуваат и објавуваат повеќе информации на ниво на градовите од Пелагонија, не се исклучува можноста (кај само еден од нив) за степен нивната целокупна статистика на читаност од повеќе градови да биде за степен повисока од нашата, меѓутоа истиот го замолуваме официјално да ја објави само статистиката на месечна посетеност од Прилеп, па граѓаните да видат кој е најчитаниот прилепски информативен портал во Прилеп и прилепско!!!
Ние сме единствениот прилепски информативен портал кој што 99% од содржините се насочени кон Прилеп и прилепчани. Пред повеќе од една година кога го отворивме нашиот информативен портал, некои беа скептични, дека доколку се ориентираме само кон прилепските читатели, не ќе можеме да имаме голема посетеност, бидејќи до сега многу ретко било некој информативен портал кој се фокусирал на објави и известувања на само еден град, да опстои на медиумскиот – информативен простор. Информативниот портал “STANICA.MK” е доказ на она баш спротивното. Покажавме и докажавме како се работи на правилен, објективен новинарски начин, и како може да се биде најдобар. Инаку, искрено тоа е мошне лесно доколку се работи со голема желба и огромна посветеност. И на крајот, секоја почит до еден дел – од другите останати прилепски информативни портали, со кои што имаме колегијална – искрена почит како новинари, и со кои имаме планови за соработка.
Исто така, очекуваме од лажните ботови на еден прилепски портал кој “фигуративно” плукаше по нас на индиректен начин, на објавава да пишува неосновани коментари, меѓутоа наместо да го прави тоа, ги замолуваме во коментар да ја објават нивната статистика на читаност само од Прилеп, па да споредат прилепските граѓани кои е најчитан прилепски портал помеѓу прилепчани. Меѓутоа, нивната статистика да ја објават онака јавно, како што ние тоа го правиме преку официјалната GOOGLE статистика!!!
Ние не се страмиме од нашите статистики, туку напротив, ние се гордееме, бидејќи имаме голем рејтинг благодарение на нашиот професионален информативен тим, благодарение на нашите креирани објави и самостојни текстуални информативни прилози, и се разбира благодарение на прилепчани кои секојдневно – постојано во денот, “жедни” да бидат информирани за најновите настани и случувања во Прилеп и прилепско, пристигнуваат на ПРВАТА прилепска информативна станица “STANICA.MK”.