Настан кој не се пропушта!! Од 9-ти до 10-ти мај ќе се одржи Хард Ендуро настанот “Топташ 2026”

Сподели го ова:





























Од 9-ти до 10-ти мај ќе се одржи Хард Ендуро настанот “Топташ 2026”, во организација на мото клубот Хард Ендуро – Прилеп, кој постојано го промовира Хард Ендуро спортот во Македонија. Tопташ Родео е трка во мото дисциплината Хард Ендуро. Овој спорт добива на популарност во последните години, како во Европа така и на Балканот. 

Ние како мото клуб “Хард Ендуро” – Прилеп вложуваме во ваков настан за што поголема промоција на овој спорт во нашата држава и нашиот град. Во Македонија досега е единствен ваков настан и се одржува токму во Прилеп. Името го доби по локацијата на одржување на местото викано Топташ. Се надеваме дека нашиот пример, ќе го следат и другите Хард Ендуро клубови во Македонија. Оваа трка за првпат се одржа претходната година во еден ден со 32 натпреварувачи, каде забележавме голем интерес од натпреварувачите но и од публиката. Оваа година сакајќи да го подигнеме нивото настанот се организира во два дена на 9ти и 10 мај” – информираат од мото клуб “Хард Ендуро” – Прилеп.

Годинава пријавени се вкупно 67 натпреварувачи од Македонија и Косово. Првиот ден на 9ти мај се вози пролог односно полигон, кој овој прилепски мото клуб го изгради на Топташ со дозвола од Општина Прилеп. На полигонот има 20 хард ендуро препреки, кои се поставени на површина од 1500 метри квадратни. Во недела на 10ти Мај започнува трката каде натпреварувачи се поделени во неколку групи, според времињата од прологот. Хард ендуро трката се одржува на супер тешка планинска кружна патека во должина од 3,4 километри во траење од 2 круга.

Оваа година 6 возачи  со најдобри времиња на трката, одат во супер финале кое се вози дополнителни 2 круга и таму се одредува победникот. Ги покануваме сите љубители на адреналински спортови да дојдат и да се забавуваат. Посетата е бесплатна а покрај трката ќе има добра храна и добра музика за сите.  Настанот е подржан од Општина Прилеп  и локални компании на кои сме им благодарни. Тие се Крин КГ , Донти Мото , Кабелнет , Греен Мобиле , Витаминка , Прилепска Пивара , ЕМБ масониер и индивидуалци како Влатко Андреески кој се погрижи за изработка на промотивни видеа и постери” – се вели во објавата на мото клуб “Хард Ендуро” – Прилеп.




Сподели го ова:

Слични објави