После 16 години од кога се изградени езерцата со гејзер во паркот на Могилата, деновиве се врши комплетна замена на подлогата со изолација и со нова водоводна и електрична инсталација

Сподели го ова:























По 16 години од кога се изградени езерцата со гејзер во паркот на Могилата, деновиве се врши комплетна замена на подлогата со изолација и со нова водоводна и електрична инсталација. Езерцата не беа во функција од 2018 година, минатата година се правеа напори истите да се оспособат, но времето си го сторило своето.

Паркот на Могилата е изграден од ледина, со тогашни 3.000.000, оо ден од донација од Форумот на заедниците од Амбасадата на Република Швајцарија, и околу 7.000, 000, оо денари од ,, Комуналец”, и Локалната самоуправа.

Да информираме дека од средината на месец август, во паркот на Могилата, во делот пред амфитеарот ќе започнат градежните активности за изградба на детско игралиште со различни содржини со финансиска конструкција од 3.000.000, 00 ден. исто донација од  Форумот на заедниците, кои се одржуваа во неколку плански региони низ Македонија.

Локалната самоуорава е носител на проектот, а ,, Комуналец”, како партнер ќе учествува во делот на подготовка на теренските работи и хортикултурното уредување.



Сподели го ова:

Слични објави