Пристигнале во Прилеп, си купиле автоматcки пиштол за 1500 евра, меѓутоа на пат кон дома ги фатилa полиција
Велешкото обвинителство отвори истрага, врз основа на која што бара притвор за две лица (маж и жена) од Скопје, откако на автопатот во близина на Велес, од страна на МВР биле фатени со автоматски пиштол.
На 23 февруари, за сума од 1.500 евра, осомничениот во Прилеп набавил автоматско оружје кое им е забрането на граѓаните – пиштол марка ‘шкорпион’ со една рамка без куршуми. Тој и го дал на осомничената која го ставила во својот ранец и со мотор се упатиле кон Скопје. На автопатот Велес-Градско ги застанале полициски службеници и при извршената проверка го откриле и одзеле пиштолот кој граѓаните не можат да го поседуваат со дозвола – истакнуваат од ОЈО Велес.