Снежната покривка во Крушево утрово е 16 см

Сподели го ова:


Најмногу снег утрово има на Попова Шапка-55 сантиметри, Маврово 36 см, додека во Крушево 16 сантиметри. Ова утро најстудено е на Попова Шапка со -8 степени, во Крушево и Маврово се измерени -5, а во Битола и Прилеп -1. Денеска времето ќе биде до значително облачно и студено. Ќе дува умерен, a вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Што се однесува до утре времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од северен правец особено вдолж Повардарието. Кон крајот на денот претежно во северните делови ќе има повремен локален снег кој повремено ќе го има и преку ноќта.





Сподели го ова:

Слични објави