Вчера имало дури 1.568 повици на “112” и прв ангажман на медикоптер во спасителна акција
Во Центарот за управување со кризи, во последното деноноќие имало дури 1.568 повици на Единствениот број за итни случаи 112. Врз основа на информации од ЦУК, кон полиција биле упатени 43,48 отсто од повиците од 112, кон Итната медицинска помош 40,00 проценти, кон пожарникарите 6,52 отсто, а кон АМСМ биле упатени 0,44 проценти.
Исто така, вчера бил и првиот ангажман на медикоптер во спасителна акција.