Огромни количини ПЕТ амбалажа, туби, дури и цели телевизори, се вадат од градската река по силното невреме кое ја зафати општинава

Сподели го ова:


























Огромни количини ПЕТ амбалажа, туби, постели, облека дури и цели телевизори, се чистат од градската река по силното невреме кое ја зафати општинава. За да нема дезинформации и континуирани напади кон јавното претпријатие, а по силното невереме кое го зафати градов, и на површина го извади сето ѓубре кое неконтролирано го исфрлаат несовесните граѓани во каналите и доловите, ги информираме граѓаните дека денеска се чисти во речното корито на потегот од мостот кај типската населба накај пазарот.

Во вакви двомесечни временски неприлики, но и по поплавата која го зафати скоро целиот град, граѓаните треба да покажат разбирање за ваквата ситуација зашто тони и тони отпад не се чистат во еден ден.

“Посебно треба да се има разбирање и кон вработените кои викендов беа ангажирани и се без ден одмор, а човечките ресурски кои ги поседува ,, Комуналец’’, дел се ангажирани и на дневното одржување.

Очекуваме поддршка и самоиницијативност од граѓаните кои секојдневно се јавуваат комуналните работници да ги исчистат малите наноси од песок кои ги имаат пред своите порти, а кои улици воопшто не се влезени во оперативниот план за работа со чистење и миење.

Истите ги информираме дека во моментов комуналните работници имаат полни раце работа, зашто деновиве мора да се исчисти речното корито од сиот отпад на најпроблематичниот потег, од мостот кај населбата Димо Наредникот, накај населбата Сточен пазар” – истакнуваат од ЈКП Комуналец – Прилеп.




Сподели го ова:

Слични објави