|

СЕКОЈА ЧЕСТ: “New Generation” на “ИДЦ ДЕНС КУПОТ” освоија голем број на награди и одлични – совршени резултати

Сподели го ова:



















Прилепскиот клуб  Dance studio “New Generation” на ИДЦ Денс купот во Штип, освоија голем број на награди, и одлични – совршени резултати. На купот имаше силна конкуренција од вкупно 16 клубови како и над 1.000 танчери. Меѓутоа и покрај силната конкуренција, “New Generation” ги освоија следниве награди:

-Формација  “Happy Girls” – прво место

-Формација “SECURITY” – прво место

-Формација “Kids Dancers” – прво место;

-Дуо Ивана Богојевска и Магдалена Еленоска во стрит-денс – прво место





-Формација “Urban Style junior” – второ место

-Георгина Маркоска, Нина Димоска, Илина Ризоска, Магдалена Еленоска – прво место во Хип Хоп Денс


– Михаела Јованоска, Деана Стојческа, Јана Николоска, Ивана Богојевска и Јована Смилевска- прво место во стрит-денс


– Андреа Мицеска  – трето место јуниори Хип Хоп


– Стефани Диковска – четврто место


– Христина Силјаноска – шесто место


– Тајла Кукуљац – осмо место

Тргнавме во 7 часот наутро за да пристигниме точно навреме на натпреварот во Штип, но поради прекин во сообраќајот поради обилни врнежи од дожд заглавивме кај Градско. Благодарение на организаторот Ана Марија и сите колеги и судии кои ни дозволија да настапиме и покрај задоцнувањето. Кружевме низ цела Македонија преку Кичево и Скопје за да пристигниме за Штип точно во 17:00 часот, велат од клубот.

Секако, ова напорно патување се исплати, па на крај во Прилеп се вратија со 13 први места, две втори места, едно трето место и по едно четврто, шесто и осмо место.

Тргнавме точно во 7 00 ч. на утро……. тука на сликата пристигнавме во 17 00 ……..кога патувавме за Сараево побрзо пристигнавме. Благодарност до Ана Марија за секоја толеранција за нејзината помош и за цела организација за сите колеги THANKS. Идната година одиме пред еден ден со нокевање за секоја случаj” – истакнаа од клубот на социјалните мрежи.

Секоја чест! Продолжете само така!!



Сподели го ова:

Слични објави