Прилепските црковни храмови со “инфо” до граѓаните за престојната Митровденска Задушница
Се известуваат сите благочестиви христијани, кои сакаат да се помолат за своите блиски упокоени во Христа во деновите на претстојната МИТРОВДЕНСКА ЗАДУШНИЦА, помените ќе се прават во посочените временски термини:
Во црквата СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ (СТАРА ЦРКВА) блудци ќе се пејат од 7.30 до 9.30 часот и од 15.30 до 17.00 часот, двата дена.
Во храмотвите Св. Кирил и Методиј (ПАРАКЛИС) и Света Петка Точила:
Утрена со Заупокоена литургија, петок и сабота од 07 часот.
Вечерна богослужба, петок и сабота од 16 часот.
ПОМЕНИТЕ ЌЕ СЕ ПРАВАТ ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА БОГОСЛУЖБИТЕ!