До последен здив во Танушевци ја бранеше Македонија! 17 години од убиството на Игор Драганов

Сподели го ова:






























Денеска со положување на цвеќе на спомен обележјето се сеќаваме на ликот и делото на загинатиот припадник на македонската полиција Игор Драганов. На денешен ден Игор, херој на македонската полиција пред 17 години при извршување на работни задачи во близина на Танушевци го положува својот живот за татковината чувајќи ја безбедноста и сигурноста на Македонија и македонските граѓани.

Делата на хероите како Игор никогаш нема да ги заборавиме и наш аманет е тие да останат во нашата меморија, а нивната храброст и жртва да бидат инспирација за следните генерации. Долгот кон хероите на Македонија, како што е Игор Драганов ќе го враќаме со тоа што ќе се стремиме да бидеме подобри граѓани, кои ќе изградат подобро општество и силна татковина – наследство кое ќе го предадеме на идните генерации, со спомен на хероите кои го жртвуваа она највредното за нашата слобода – порача министерот Тошковски.




Сподели го ова:

Слични објави