Прилепчанка излегла да се прошета, случајно си купила грепка, и си добила автомобил
Со среќата никогаш не се знае, а така беше и овој пат. Имено, прилепчанка излегла да се прошета, случајно си купила грепка, и си добила автомобил. Станува збор за прилепчанка која секогаш се забавува со инстант лотаријата на Државна лотарија, и секогаш верувала во среќата.

“Со голема радост Ве известуваме дека го имаме првиот добитник на автомобил HYUNDAI Tucson од најновиот инстант лоз 7 Х 7 кој Државна лотарија го пласираше неодамна. Среќата и се насмевна на Јована Стојановска од Прилеп. Денес, во просториите на Државна лотарија се запознавме со добитничката, ја потврдивме добивката, а возбудена и среќна ни ја раскажа нејзината приказна. Имено, Јована повремено се забавува со инстант лотаријата на Државна лотарија, но секогаш верувала во среќата. При прошетка со нејзиниот брат, купиле два инстант лоза 7х7 од продажното место „Сити Тобако“ во Прилеп. На едниот лоз имале добивка од 500 денари кои решиле да ја заменат за нови инстант лозови. Во едниот од нив се криеле трите симболи на HYUNDAI Tucson кои означуваат една од 14-те главни премии кои ги нуди овој инстант лоз. Упатуваме честитки кон среќната добитничка и Ве известуваме дека наскоро ќе ги доделиме клучевите од прекрасниот автомобил, а ќе имате можност да слушнете од Јована за патот од упорноста до главната премија. Ве потсетуваме, како одговор на барањата на играчите, инстант лозот „7 х 7“ стана најнов член на семејството на инстант лотаријата на Државна лотарија. Лозот нуди вкупен фонд на добивки од близу 80 000 000 денари, вклучувајќи 14 премии од коишто: 7 возила HYUNDAI Tucson и 7 возила HYUNDAI Bayon, како и парични добивки од 80 денари до 50 000 денари” – истакнаа од Државна лотарија на нивната објава на социјалните мрежи.


















