СЕКОЈА ЧЕСТ: Младиот Марко Пејчиновски денеска пливаше на релaција Радожда – Трпејца (Стог) – Градиште

Македонскиот херој Марко Пејчиновски од Охрид, денеска пливаше на релaција Радожда – Трпејца (Стог) – Градиште, во вкупна должина од 24 километри. Марко денеска го заврши своето седмо препливување за ова лето, кое беше на релација Радожда – Трпејца – Градиште, при што оваа релација ја преплива за само 6 часа, 52 минути 15 секунди.
Пејчиновски ова лето си постави еден нов предизвик, а тоа е пред себе да преплива 10 различни делници на Охридското езеро, во севкупна должина од цели 250 километри. Секоја чест Марко!
