ВМРО-ДПМНЕ: Власта има можност да покаже разум, и да го прифати референдумот

Референдумот е можност да се чуе народот, ги повикуваме власта и сите политички партии да ја поддржат иницијативата – истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ во нивното денешно соопштение, кое целосно Ви го пренесуваме во прилог на оваа објава:
“Ако власта верува дека концептот за бугаризација и асимилација кој го турка е исправен, тогаш зошто има проблем да излезе на референдум и да го промовира тоа?
Зошто се плаши власта да му даде можност на народот да одлучи?
Потегот на Стево Пендаровски да го поддржи референдумот е добар почеток, и се надеваме дека тоа ќе го следи и СДСМ и останатите партии од власта.
Доколку тие одлучат да не го поддржат, тоа ќе значи дека се плашат од народот и дека единствена цел им е на сила да го протуркаат концептот за бугаризација и асимилација, за само да останат ден повеќе на власт.
Власта има можност да покаже разум, и да го прифати референдумот. Народот е тој кој одлучува” – се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.