Овој пат, трчаме за Никодим – од срце! Ајде прилепчани, покажете ја Вашата хуманост!

Сподели го ова:






























Почитувани прилепчани, по повод Денот на ослободувањето на Прилеп, 3 Ноември, организираме ноќна трка на 5 километри низ Прилеп која ќе биде од хуманитарен карактер.

На 2 ноември, сабота, во 19:00 часот, ве повикуваме да учествувате на овој настан, трчајќи и забавувајќи се да собереме што повеќе средства и да му помогнеме на малиот Никодим.

Котизацијата за трката ќе биде 200 денари!

За трката можете да се пријавите на следниот линк:
https://forms.gle/QuDiV9ffTh3yxbRL9

https://forms.gle/QuDiV9ffTh3yxbRL9

Два часа пред трката, односно од 17:00 до 19:00 часот пред Камената бина ќе има кутија каде ќе може да донирате и со самата донација да го подигнете вашиот стартен број!

Трчаме 5-ка за Никодим!




Сподели го ова:

Слични објави