Овој петок, е големиот христијански празник кој што кај народот е познат како “Голем Петок”
Овој петок, е големиот христијански празник кој што кај народот е познат како “Голем Петок”, првиот петок после Христовото Воскресение –Велигден. Овој празник уште се нарекува и Излечив Петок, зашто постои верување кај луѓето дека ако утрото си ги измијат рацете и лицето на првиот извор, тоа ќе им донесе ослободување од болестите што ги имаат.
Овој голем христијански празник и семејна слава на нашите сограѓани од урбаната заедница Варош. Жителите на прилепската населба Варош го чествуваат масовно христијанскиот празник Голем Петок -Балаклија. Празникот се чествува секој прв петок по Велигден и е куќна слава на многу семејства. Стотици граѓани од другите делови од градот им доаѓаат на гости посакувајќи им здравје, успех и среќа. А, жителите на Варош гостите ги пречекуваат на празнична трпеза. Оваа традиција се негува со години. Многу верници доаѓаат и во црквата од манастирот „Свети Архангел Михаил“, каде во чест на празникот се одржува утринска литургија.