СЕКОЈА ЧЕСТ: Екипата на ЈКП Комуналец-Демир Хисар го оспособи регионалниот пат до “Боишта”
Во лоши временски услови, екипата на ЈКП Комуналец Демир Хисар предводена од директорот Мицковски Гоце, во соработка и координација со Општина Демир Хисар и Градоначалникот Никола Најдовски, ЦУК и Македонија пат, го оспособи регионалниот пат до “Боишта” кој повеќе месеци не беше функционален и буквално беше прекинат, а до Боишта немаше пристап со никакво возило. Сега, слободно можат да се одржат Боишките средби во Јули.