ССМ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ВРАБОТЕНИТЕ ОД ПШС “ЦРН БОР” – ПРИЛЕП ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ

Сподели го ова:
















ССМ денеска оствари средба со вработените во прилепската подружница “Црн Бор”-Прилеп. Имено, за оваа средба информираа и од ССМ при што од таму истакнаа: “Денеска, претседателот на СГИП, Иван Пешевски заедно со Претседателот на ССМ, Дарко Димовски ги посетија вработените во ЈП Национални шуми – Црн Бор Прилеп и ги информираа за активностите кои ги презема синдикатот СГИП за зголемување на платите во ЈП Национални шуми кое треба да се случи во најскоро време, а за што веќе беше одржан и состанок со сите синдикални претставници од 26 подружници во претпријатието со Директорката. Се зборуваше и за потребата од склучување на нов Колективен договор со кој ќе се елиминираат сите штетни одредби од минатото кои биле на штета на работниците”.







Сподели го ова:

Слични објави