Новогодишен театарски спектакл за деца во Гевгелија! Новогодишна магична бајка со Дедо Мраз

Сподели го ова:





























Со доаѓањето на месец декември, започна и новогодишната магија која е официјален предвесник на Новата година – која што веќе е на самиот праг. А на доаѓањето на Новата Година, најмногу се радуваат најмладите, искрени детски срца.

По тој повод, специјално само за најмладата публика во Гевгелија, на 22.12.2024 (недела) со почеток во 13:30h часот во големата сала во Центар за култура-Гевгелија, погледнете ја ПРЕМИЕРАТА на театарската претстава -Новогодишна бајка со Дедо Мраз која со сигурност ќе создаде волшебни, новогодишни спомени во секое детско срце.

Сите овие популарни театарски ликови (врз основа на она што можеше да го забележи објективот на нашиот информативен портал “STANICA.MK”), се очекува да изведат атрактивна театарска претстава за деца, која ќе биде во склоп на предновогодишните празници. Доколку и Вие сакате да го проследите овој новогодишен театарски спектакл за деца, тогаш 24/7 може да си резервирате билет на телефонскиот број 078/ 667-797.




Сподели го ова:

Слични објави