Денес Градоначалникот на Општина Прилеп ги прими членовите на Велосипедскиот клуб „Илинден„ кои ја освоија шампионската титула во младински категории

Сподели го ова:


























Денес Градоначалникот на Општина Прилеп ги прими членовите на Велосипедскиот клуб „Илинден„ кои ја освоија шампионската титула во младински категории.

Заврши натпреварувачката сезона во велосипедизам за 2021г , каде Велосипедскиот клуб „Илинден“ за прв пат се натпреваруваше во три дисциплини – друмски велосипедизам, планински велосипедизам и вело крос. ВК „Илинден“ забележителни резултати постигна во сите три дисциплини во поединечна и екипна конкуренција, но најдобри беа во категоријата друмски велосипедизам каде втора година по ред ја освојуваат шампионската титула.

Одлични резултати покажаа и во поединечна конкуренција во сите останати категории:

Андреј Маџоски – категорија Кадети

  • III место на ранг листа, друмски велосипедизам (исти бодови со второпласираниот);
  • III место на ранг листа, планински велосипедизам;
  • III место на ранг листа, вело крос;
  • II место – Државно првенство во хронометар;
  • III место – Државно друмско првенство;
  • III место – Државно брдско првенство.

Андреј Маџоски е репрезентативец во кадетска категорија и стана корисник на стипендија од Агенција за млади и спорт – Спортска надеж.

Константин Костоски – категорија У-15

  • I место на ранг листа, друмски велосипедизам;
  • I место – Државно првенство во хронометар;
  • I место – Државно друмско првенство;
  • II место – Државно брдско првенство.

Стефан Маџоски – категорија У-13

  • I место на ранг листа, друмски велосипедизам;
  • II место на ранг листа, планински велосипедизам;
  • I место – Државно првенство во хронометар;
  • I место – Државно друмско првенство;
  • II место – Државно брдско првенство.

Свој допридонес во освојувањето на Шампионската титула во млади категории дадоа и Младен Петрески и Никола Ристески на кои ова им  беше прва натпреварувачка сезона.




Сподели го ова:

Слични објави