Денеска, “реки од народ” ќе го посетат прилепскиот манастир св. Архангел Михаил во Варош
Денеска, на првиот петок после Велигден (Голем или Источен Петок како што го нарекуваме), прилепчани традиционално ќе го посетат манастирот „Свети Архангел Михаил“ во најстарата прилепска населба – Варош.
Во текот на целиот денешен ден, портите на манастирот ќе бидат широко отворени за големиот број на гости, посетители и верници.
Источен петок – Балаклија, секогаш се слави во петокот на Светлата седмица, и никогаш не го менува датумот!
Нека е за многу години!


















