За само 3 дена, 520 нови случаеви на Ковид-19 во нашата земја
Врз основа на последните податоци од Министерството за здравство, во последните 3 дена (од 08.07 до 10.07.2022) направени се 1.869 тестови, а регистрирани се 520 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 314
• Битола – 35
• Тетово – 23
• Куманово – 20
• Велес – 16
• Прилеп, Кавадарци и Штип – по 15
• Охрид – 14
• Гостивар – 11
• Струмица – 9
• Неготино – 6
• Кичево и Гевгелија – по 4
• Струга, Валандово и Пробиштип – по 3
• Крива Паланка, Богданци и Кратово – по 2
• Кочани, Ресен, Свети Николе и Дојран – по 1
Од вкупниот број на позитивни (520), регистрирани се 137 реинфекции.
Регистрирани сe 463 оздравени пациенти од:
• Скопје – 244
• Битола – 40
• Куманово – 33
• Охрид – 32
• Тетово – 19
• Велес – 17
• Прилеп и Кавадарци – по 15
• Штип – 12
• Струмица – 6
• Гостивар и Кичево по 5
• Делчево – 3
• Кочани, Струга, Радовиш, Крива Паланка и Крушево – по 2
• Неготино, Свети Николе, Берово, Дебар, Пробиштип, Богданци и Демир Хисар – по 1
Во текот на изминатите 3 дена (08-10.07.2022) не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани четри починати лица: 2 лица од Скопје (67г и 83г) и по едно лице од Охрид (80г) и Тетово (69г), од пријавените починати лицa две се починати во болнички услови, а две во домашни услови.
Починатите се пријавени во период од 28.06.2022 до 07.07.2022
Направени се 1.869 тестови преку: ИЈЗ-219, ЦЈЗ Скопје-32, ЦЈЗ Битола-37, ЦЈЗ Прилеп-13, ЦЈЗ Тетово-25, ЦЈЗ Куманово-42, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–119, Жан Митрев (Филип Втори)-68, Авицена-62, Биотек-104, Систина-74, лабораторија Лаор-7, Синлаб-4, Ремедика-17, Плодност-20, Генеа-15, Никоб Лаб-108, ВФВ Медикал-38, Ели МедикаПлус-20, Ројал Медика–2, Спектра-ММ-9, Рапид Лаб–6, Жан Митрев Струмица–3, Нова Лаб Дијагностика–1, Рамус-18, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 801.
Досега во земјата се направени вкупно 2.090.703 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 316.219, бројот на оздравени пациенти е 305.239, на починати е 9.335, а бројот на активни случаи изнесува 1.645