ГЕСТОТ КОЈ ГО НАПРАВИ ПРОДАНОСКИ Е ЗА ЦЕЛОСНА ПОЧИТ: Не можете да ја посетите меѓународната ликовна колонија, ако барем не му “стиснете рака” како благодарност на доајенот на прилепската уметност
Вкупно 19 уметници кои доаѓаат од земјава и од странство, веќе неколку денови твореа на 15-та меѓународна ликовна колонија „Марко Цепенков – Дрен 2023“. Уметниците, сите овие денови со љубов работеа во повеќе дисциплини: скулптура, сликарство и инсталација, а создадените дела ќе бидат презентирани на изложба во НУЦК Марко Цепенков. Исто така, претставување на изработените дела, ќе има и во повеќе градови низ нашата земја.
Претседателот на Совет на Општина Прилеп, при својата посета на уметниците кои твореа на меѓународна ликовна колонија „Марко Цепенков – Дрен 2023“ го изрази своето задоволство од работењето на уметниците и начинот на креирање на нивните дела, а исто така направи и еден гест кој навистина е за почит. Имено, не можете да ја посетите оваа меѓународна ликовна колонија, ако барем не му “стиснете рака” како благодарност за неговите дела на доајенот на прилепската уметност Кирил Гегоски, а токму тоа на еден ненаметлив – културен начин го направи Проданоски, онака баш во свој стил, незабележително, ненаметливо, меѓутоа со голема почит кон доајенот Кирил Гегоски кој што всушност е и добитник на наградата за животно дело на Општина Прилеп ,,3-ти Ноември”.