Се е подготвено! Денеска во Прилеп сите првачиња, за дружба “ќе подадат рачиња”
Секоја година, првата седмица од месец октомври им се посветува на децата. Всушност, Светската недела на детето e недела кога интензивно се зборува за правата на децата. Тие се нашето најголемо богатство, нашата гордост и нашата иднина, светот останува на децата и треба да ги научиме да ги осознаат вистинските вредности на животот и да успеат во овој свет.

Во Детската недела има еден голем и значаен ден кој се празнува во целиот свет, тоа е 5ти Октомври – Меѓународниот ден на учителот. Да се биде учител, воспитувач, наставник, професор е најубавата но воедно и најодговорна професија која бара многу посветеност и одрекување.
Во име на учениците и нивните учители, Општина Прилеп организира настан под слоганот “Со мали чекори – кон големи соништа“ на кој што најмалите ученици – ПРВАЧИЊАТА преку симболичното свечено ветување (заклетва) ќе бидат примени во Детската организација, водени од своите наставници. На настанот ќе бидат испеани детските музички хитови од Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, а исто така настанот ќе биде збогатен и со голем број на спортски игри.
Време: Недела 05.10.2025година од 11 до 14 часот
Локација: Могила на непобедените – Прилеп
















