БРОЈКИ ШТО ЗАПЛАШУВААТ: Повеќе од 41.000 загинати во земјотресот кој ги зафати Турција и Сирија
Во разорниот земјотрес во Турција врз основа на најновите податоци, животот го загубиле 35.418 лица, додека пак во Сирија загинале најмалку 5.800 луѓе. Што се однесува пак до бројката на повредени таа се движи околу 100.000 луѓе.
Во моментов, повеќе од 200.000 луѓе учествуваат во потрагата и спасувањето, а близу 20.000 повредени се наоѓаат на болничко лекување. Утрово е соопштено дека е спасена уште една жена, станува збор за 77 годишната Фатма Гунгор која што е извлечена од рушевините по 212 часа по земјотресот.