Бумбароски: Во моментов не се потребни омраза и гнев кон учителите…

Сподели го ова:


























Наставникот Гоце Бумбароски-омилениот наставник помеѓу учениците, родителите и наставниците, важи за човек кој што мошне добро го познава креативниот – образовен систем, не само затоа што Бумбароски по образование е м-р по менаџмент во образовниот процес, туку затоа што станува збор за личност која што од почетокот на неговото вработување во образовниот сектор – па се до денес, целосно е посветен кон насоката која што води кон едно “подобро утре” за сите ученици. Имено, во однос на моменталните состојби во нашата земја, кои се однесуваат на утрешниот штрајк во образованието-се огласи и самиот Бумбароски при што истакна:

“Во моментов не се потребни омраза и гнев кон учителите…Потребно е да се придружат и ДРУГИТЕ професии и чесни работници кон нашата заемна борба за достоинствен живот.Во спротивно таа ќе се претвори во борба за опстанок. Не е време за љубомора едни на други преку споредби кој бил подобар или повреден од другиот. Почитувани, доколку не се поддржуваме едни со други, не само што нема да ја подобриме ситуацијата, туку со неслога НИКОГАШ, ниту за милиметар не ќе ги поместиме работите кон подобро – за СИТЕ НАС.Т а, сепак, нашата работа како наставници е да се трудиме да го подобриме општеството, преку образование и градење на новите генерации лекари, полицајци, архитекти, инженери…Борбата за достоинствен живот нè засега сите, а до неа се стигнува само со сплотување, взаемно почитување и поддршка”-истакна Бумбароски во однос на утрешниот најавен штрајк во образованието – низ цела наша земја.




Сподели го ова:

Слични објави