Родители на прилепски тинејџери, заедно со МВР и претставници на Локалната Самоуправа, беа во обиколка на прилепските угостителски објекти за да проверат дали има присуство на малолетници во ноќните часови
Вчера (05.08) во периодот од 22.00 часот па се до денеска до 02.00 часот на подрачјето на Прилеп беа спроведени превентивни активности, односно таканаречените „Соседски патроли“ или мешани патроли составени од полициски службеници од ОВР Прилеп заедно со претставници на локалната самоуправа и локалните институции, потоа родители, претставници на педагошките служби од основните и средните училишта, кои што беа во обиколка и посета на угостителски објекти и јавни простори каде има присуство на малолетници во ноќните часови, односно простор кој се користи за забава на малолетници.
Оваа активност се спроведува со цел да се зајакне соработката на полицијата во заедницата и пред се со цел родителите да добијат претстава на какви ризици се изложени нивните деца, благовремено да се препознаат и отстранат таквите закани што често можат да доведат до сериозни последици, особено во контекст на зависностите и социо-девијатното поведение.
Исто така, беа презентирани и законските овластувања кои полициските службеници ги применуваат при превземање на службени дејствија преку доследна примена на законските норми и прописи.