УБАВИНА: Прилепски “Параклис” соопшти убава – Божја вест

Сподели го ова:























Нашиот Спасител Господ Исус Христос советува: Барајте го најнапред царството на Бога и Неговата правда, а сѐ ова ќе ви се придодаде. (Мт. 6, 33).

Благочестиви христијани торжествено славејќи го споменот на застапникот на македонскиот род, но и постојанен молитвеник пред престолот Божји за нас, нашиот патрон св.Климент Охридски, сакаме да ве ПОКАНИМЕ и известиме дека во нашиот храм Св.Кирил и Методиј (ПАРАКЛИС), на ден 08.08. 2023 година, вторник со почеток од 17 часот ќе се отслужи празнична вечерна богослужба , а на ден 09.08.2023 година во среда со почеток од 08.00 часот, кога се слави и неговиот спомен ќе се служи Света Литургија и двата дена, како и секоја година, ќе бидат изложени МОШТИТЕ на Св.Климент Охридски во храмот, на кои можете да се поклоните и да се помолите за ваше здравје и спасение.

Со Божји благослов од свештеничкото братство при храмот свети Кирил и Методиј – се истакнува во соопштението од прилепскиот црковен храм св.Кирил и Методиј -ПАРАКЛИС.



Сподели го ова:

Слични објави